Антез е перкусионист и скулптор кој ја истражува звучната материја, манипулирајќи со звучни текстури, фрекфенциски опсези и динамични форми низ специфичните звучни одлики на некои физички предмети
Основата на неговиот перформанс е да ја истражи резонантната структура на просторот во кој тој настапува. Концептот на целиот перформанс е непредвидлив до самиот крај, користејќи само акустични процедури и методи на продукција кои се изведени од движења на неговото тело.
Неговиот звук е честопати споредуван со некои звуци на синтисајзер, покрај тоа најголем фактор е просторoт во кој тој се наоѓа и резонантноста во овој случај на просторот на Котур.

Koryp 05/2019.